НОВИТЕ ИМААТ ПРАВО НА НАСТАП

Фудбал: Победа гостин на Брегалница

По 45-дневни подготовки екипата на Победа е пред стартот на пролетниот дел од Втората лига-Исток. По поразот на последниот пријателски дуел со Тиквеш во Марена од 5:2, в сабота е првенственото гостување на Брегалница во Штип. Домаќинот е фаворит, оти е лидер на табелата и  најсериозен кандидат за пласман во прволигашкото друштво. За Победа, во битката за опстанок, е успех и нерешен резултат. Мошне значајно е што клубот совреме ги среди административните обврски и сите новодојдени имаат право да настапат. Спремни се напаѓачот  Кирил Неделков, полушпицот Мирко Симјановски, крилниот напаѓач Петар Најдов и шпицот Дарко Грозданоски.

Табела: Брегалница 42, Тиквеш 35, Кожуф 25, Кит-Го 22, Саса и Слога по 20, Осогово 19, Победа 14, Плачковица 10 (-1), Росоман 8.

Loading