ЛИТЕРАТУРНИ КОНКУРСИ ВО ЧЕСТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Фондацијата за македонски јазик Небрегово, во соработка со Министерството за образование и за култура, распиша два конкурса. Едниот е на темата ,,Како ме поттикнува Конески,, за издавање на шестата книга од едицијата ,,Македонски збор,,, со необјавени научни и стручни текстови посветени на делото на Конески. Вториот конкурс е на тема ,,Поетски пораки за Конески,,, за издавање на десеттата книга од серијата ,,Поттикот Конески,,, со необјавени поетски творби посветени на Конески.

Текстовите треба да се македонски литературен јазик. Приоритет на вториот конкурс имаат учениците и студентите. Рокот е 30 април.

Книгите ќе бидат промовирани на манифестацијата ,,2021 – Година во чест на Блаже Конески,,.

Оваа активност на Фондацијата е дел од важните меѓународни јубилеи на УНЕСКО. Покровителе претседателот Стево Пендаровски.

Loading