ДЕСПИНА ОДИ КОН ВРВОТ

Фудбал: Продолжува Првата женска лига

По тримесечна пауза продолжува првенството од Првата фудбалска женска лига. Екипата Деспина ќе атакува кон врвот од табелата. Обидот е да се стигне првопласираната Саса, која има предност од 5 бода. Прилепскиот состав е засилен со Јована Ѓорѓиоска. На двата пријателски меча беа постигнати победи – 1:0 со Скопје и 4:1 со Љуботен. В недела (12 ч.) на вештачката трева е првиот првенствен меч, со Плачковица. Се очекува висок триумф, со оглед на есенскиот со 9:1 во Радовиш. 

Табела: Саса 39, Тиверија 35, Деспина, Скопје и Ас унитед по 34, Речица 23, Истатов и Шкендија по 21, Топ-Гол 16, Љуботен 15, Борец 13, Шкупи 11, Атлетико 10, Плачковица 3, Кочани 0.

Loading