САРИКА Е МЕВЛЕМ И ЗА ГРОЗЈЕ, НЕ САМО ЗА ТУТУН

Гоце Станоески, сопственик на првата регистрирана семејна винарија во Прилеп

Goce Stanoeski -

Освен со тутунот, Прилеп полека се етаблира и во регистарот на винариите. Поднебјето, особено земјата во месноста Сарика покрај што создава добар тутун, раѓа и добро грозје. Од гроздовите се добиваат квалитетни вина. Доказ за тоа е обидот и трудот на Гоце Станоески (46). Иако работи во АРМ, од неодамна е регистриран како физичко лице за производство и полнење на вино според измените на новиот закон. Неговата винарија популарно го користи името на поднебјето каде се произведува грозјето, месноста Сарика во околината на градот каде од памтивек неговите претци одлгедувале лозови насади.

– Ова автентично подрачје би се афирмирало како место за произвдоство на грозје, впрочем од каде многу години наназад моите претци имале грозје и произведувале вино за домашни потреби. Така од регионот кој што традиционално е поврзан со тутунот, Сарика ја претставувам како месност од каде се произведуваат квалитетни сорти винско грозје. Направив детални анализи на почвата, применив некои агротехнички методи. Податоците укажаа дека може да се одгледуваат квалитетни сорти на грозје од кои може да произлезат уште поквалитетни сорти на вино. Производител  сум на вино во домашни услови. Ова е формалната страна на семејната винарија – објаснува Гоце Станоески, сопственик на првата регистрирана семејна винарија во Прилеп.

Идејата ја наследил. Тој е четврта генерација која се занимава со производство на грозје и вино.

Namesto kvantitete - kvalitet

– Првин прадедо ми и дедо ми. Засега одгледувам лозје на околу пет ипол декари со поддршка на татко ми Јордан. Првобитното лозје од прадедо ми го проширив на нива каде засадив лозови насади. Најмногу се застапени Прокупецот, Пловдината, има нови насади од Вранец и Мускат италија, што е трпезно грозје, а го користам како винско. Автохтона сорта е Станушината. Планирам и нејзе да ја расадам. Желбата ми се јави од спомените на детсвото кога традиционално семејството одеше на берење на грозјето на 11 Октомври. Тие сеќавања од детството никогаш не згаснаа, туку се распламтија. Детската игра прерасна во желба која како созрева и постепено ја остварувам. Располагам со капацитет за обработка на нешто повеќе од 3 тони. Ќе се посветам на овие количества, на тоа што ќе се произведе, да биде квалитетно и со прифатлива цена. Местоположбата има одлични предиспозиции за квалитетно грозје, односно квалитетни вина. Треба повеќе да вложам во технологијата во производството на виното за да се носам со големите винарии и квалитет. Приносите може да бидат големи, но го редуцирам родот дури и за 50 отсто за да добијам квалитет. Ако може да даде лозата 2,5 килограми, го редуцирам на 1 до 1,2 килограми грозје. Наместо количество, се добива квалитет – објаснува Станоески.

Tradicija nasledena od pradedo  dedo i tatko mu Jordan

Најдоцна за еден месец ќе добие виза да го продава виното. Ова му е прва година и доколку се продаде виното може да се размислува за проширување.

– Оваа количина со која располагам, доколку се продаде, би бил задоволен. Уште сум ентузијаст. Не е комерцијален бизнис. Замислата не ми е виното да го продадам по секоја цена, а да не биде квалитетно. Во зависност од годината, фаворитот меѓу вината е различен. Ланската година беше подобра за белите вина. Производството на вино е комплексна работа, се советувам и се обучував кај енологот Лазар Плетварски во Кавадарци и прилепчанецот Јове Велески. Сум следел кусреви, предавања и кај други професори на Земјоделскиот факултет – вели Станоески.

Открива дека љубовта му излегла на површина со емисијата Вински мозаик на Александар Вучкоски. Со неговиот концепт откривал многу тајни и марифети на производителите и енолозите. Ако Бушаватава азбука била за описменување на децата, оваа емисија му направи винска едукација и создавање винска култура. Сега-засега одгледувањето на грозјето и производството на вина му е хоби, но со оглед на тоа што е можно помлад да се пензионира, ќе му стане и професија. Насадите не планира да ги проширува, бидејќи сам ги обработува, за да не падне квалитетот и не ќе може да му посвети доволно внимание.

Vinarija Sarika

НАГРАДИ НА СТАРТОТ

На последниот натпревар Недела на вина во Неготино, виното Сарика во категоријата бели вина, кое било купажа, мешавина од три сорти, Ркацители, Џипјанка и малку Ризлиг го освоило второто место. Претходно на традиционалната манифестација организирана во Кавадарци во ноември, на натпреварот на Младо вино 2020, сите 4 сорти кои ги испратил Гоце Станоески, сите биле наградени. 

Loading