ЛУКОВАТА ВОДА Е ВОЛШЕБЕН ЛЕК

luk

Водата од отстоен лук треба да ја пијат луѓе кои страдаат од замастеност, висок шеќер, остеопороза и слаб имунитет. Лековитата вода од лук е моќна, а евтин лек. Спречува бактериите, паразитите и вирусите да продрат и да се размножат низ организмот.

Телото се чисти од токсините и се штити од настинки особено во ладните месеци. Го забрзува регенерирањето на клетките и помага во закрепнувањето од болести. Може да ја консумираат и здрави луѓе, дијабетичарите, оние кои имаат висок крвен притисок, висок холестерол, болни зглобови и бубрежно болните. Водата од лук помага дури и при слабеење.

Лукот има многу силен, а за некои и непријатен мирис. Тој е моќен природен лек, ценет од дамнешно време. Алицинот во лукот е одговорен за намалувањето на маснотиите во крвта, намалување на крвниот притисок, јакнење на имунитетот. Лековитата вода од лук лесно се дигестира во желудникот. Водата од лук е најдобра превенција против вируси, бактерии и грип. Потребно е да се пие секое утро за позитивно влијание врз целокупното здравје. Лесно се подготвува, а со сигурност го стимулира имуниот систем што дури го успорува растот на некои тумори.

Доколку с епие секојдневно се добиваат ефектите на вештачки и скапи суплементи за прочистување од маснотии и шеќер. Искуствата на дијабетичарите се позитивни. Првите резултати се видливи по 7 дена. Антибактериското и антибиотското дејство лекува урогенитални инфекции и инфекции на мочниот меур. Се препорачува на болните од остеопороза. Позитивно делува на зглобовите. Алицинот ги согорува масните наслаги. Тој го стимулира топењето на килограмите, а лековитата вода од лук е и одличен детокс на организмот.

За лековитата вода  се потребни една чаша вода и 1 излупено чешне лук, пресечено на половина. Пресеченото лукче се става во чаша со вода и се поклопува со тацна. Водата треба да стои 24 часа на собна температура пред консумирање. Лукот пушта лековити супстанции во водата.

Значи, секој ден треба да се подготви нова лековита вода за следното утро. Доволно е една чаша лековита вода од лук наутро, на празен стомак.

Loading