ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (86)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

На осветувањето на црквата донесле неколку одлуки. Секој кој сака да биди притруп во црквава можи да и служи само за здравје, а никако за акт – руга и така останала таа одлука до ден денес. Да се соѕидат машки и женски камени трпези за раздавање задушници моментално под ведро небо кога ќе има прилика и да се покријат. Одлуката се остварила, се соѕидале трпезите и се покриле. Селската слава во село Марул ја поместиле односно ја вратиле за еден ден порано. Наместо гостите да идат на 21 септември вечерта, да идат на 20 септември вечерта. Славата селска да биди во истиот ден како во соседното с. Штавица. Затоа што марулчани се спремале дома немале време да му одат на гости на штавичани. А додека штавичани кога ќе ги испраќале гостите заедно со нив што се вели сосе кучиња доваѓале на гости во село Марул.

Селото не било во можност за да прими толку гости колку што му се собирале. Нашава црква имала нешто од документација на германските воени власти за време на Првата светска војна од 1915 до 1918 година ја претвориле во воена болница и документацијата исчезнала. Пред четири години ова прашање го поставивме со барање, добивме одговор за такво нешто нема пишан документ и барањето за од тоа време е застарено, оштета за црквата не можи да се добие. Се мисли барањето беше поставено од германските адвокати во Германија.

Сите овие црквено историски работи се пренесувани усмено од генерација до генерација. Ние денешниве генерации треба да му дадиме голема благодарност на нашите прадедовци и дедовци за сета оваа работа историска.

Притрупи – клисари кои служеле во црквава од 08.09.1859 до февруари 2016 година

1.Дамјаноски Дамјанов Ристе (патрун) 1857 – 1862 год.

2.Гулабоски Ристев Николе (москоа) 1863 – 1873 год.

3.Дамјаноски Коте (Чурлин)1874 – 1875 год.

4.Дашоски Ѓорѓиев Петре 1876 – 1879 год.

5.Дојчиноски Дојчинов Тоше 1880 год.

6.Мурџески Ристев Јован 1881 – 1883 год.

7. Мурџески Ристев Митре 1884 – 1886 год.

8.Јанкоски Трајче (Чунте) 1887 – 1891 год.

9.Колески Ризов Грујо 1892 – 1895 год.

10.Танески Наумчев Ристе 1896 – 1898 год.

11.Гулабоски Трајчев Стеван 1899 год.

12.Павлески Трајчев Анѓеле 1900 – 1910 год.

13. Павлески Анѓелев Јован (агата) 1911 – 1924 год.

14.Колески Мојсов Стојан 1925 – 1926 год.

15.Грујоски Јованов Ѓорче (Курела) 1927 – 1932 год.

16.Здравески Јошев Никола (Голабаро) 1933 – 1934 год.

17.Гулабоски Новачев Димитрија 1935 – 1939 год.

18.Танески Стојчев Мице 1940 – 1943 год.

19.Јованоски Талев Тодор (Бубуз) 1944 – 1950 год.

20.Петрески Велјанов Петре (Бабјак) 1951 – 1953 год.

21.Малинкоски Стојков Илија (Кадијата) 1954 – 1957 год.1/2

22.Јовчески Ванѓелов Трајан 1957 ½ – 1963 год. 3/3 год.

23.Петрески Велјанов Петре (бабјак) 1963 1/3 1965 год.

24.Јовчески Ванѓелов Трајан 1966 – 1977 год.

25.Танески Велјанов Ордан 1978 год.

26.Петрески Петрев Димитрија (Бабјак) 1979 – 1981 год.

27.Од 1982 година да се служи месец дена по домаќинство не издржа подолго време клучо го презеде Јовчески Трајан до 2016 година.

Раскажале повеќемина марулчани:

Танески Стојче 1868 – 1957, Котески Божин 1873 – 1962, Котески Илија 1876 – 1972, Јовансоки Илија 1885 – 1962, Јовчески Ристе 1888 – 1962, Јованоски Јован 1891 – 1963, Танески Крсте 1903 – 1984, Јовчески Ванѓел 1912 – 1997, Павлески Ванчо 1909 – 1989, Дамјаноски Ристе 1914 – 1989, Павлески Аце 1929 – 2016, Дојчиноски Благоја 1928 – 2016 ги има многумина раскажувачи.

Попови во с. Марул што ја имале марулската црква под своја надлежност

1.Поп Анѓелко марулчанец за годината непознато,

2.Поп Димитрија Попоски од с. Лопатица, прилепско од 1891 до 1920 година кога умрел од старост,

3.Поп Петре Перасаноски прилепчанец од 1922 до 1923 кога е распопен од неморално однесување према црковните закони,

4.Поп Неделко Грујовски од с. Ношпал од 1923 година кога е распопен и затворен од политички причини,

5.Поп Јован, презимето засега непознато, прилепчанец од 1927 до 1935 н адолжност се разболел и умрел,

6.Поп Грујо Смилевски од с. Добрушево од 1935 до 1945 година, умрел од своја смрт, од старост,

7.Поп Ванѓел Смилевски од с. Добрушево од 1945 до 1970 година кога се пензионира.

8.Поп Гроздан Богески од кичевско од 1970 до 1973 година кога по негово барање на нова должност ја напушти нашава црква,

9.Поп Душан Талевски од с. Суводол, битолско од 1973 до 1977 по црковен распоред ја напушти нашава црква;

10.Поп Пецо Николоски од с. Ерековци, прилепскоод 2010 година служив о марулската црква.

Марулски познати музичари што ги собирале на сред село луѓето со музика познати од пред сто години до ден денес

Гајдаџии по азбучен ред

1.Велјаноски Ристев Благоја 1923 – 04.05.2003г. Прилеп

2.Велјаноски Ристев Ѓорѓија 192 – 1944 загинат с. Лабураѓ, Втора светска војна

3.Јанкоски Ѓорчев Крсте 1908 – 1985 Прилеп

4.Јанкоски Ѓорчев Ристе 1888 – 1953 с. Марул

5.Јованоски Ѓорчев Анѓеле 1883 – 1917, првокласен музичар, загинат Добро Поле, Прва светска војна

6.Јованоски Анѓелев Димитрија 1912 – 2002 Прилеп, првокласен музичар

7.Колески Мојсов Стојан 1850  – 1941 с. Марул, првокласен музичар

8.Колески Грујов Боше 1859 – 1939 с. Марул, првокласен музичар

9.Колески Трајчев Петре 1870 – 1900 отепан на Ушите

10.Колески Петрев Стојко 1891 – 1968 с. Марул

11.Котески – Јошески Цветков Божин 1873 – 1962 с. Марул

12.Здравески Стојанов Атанас 1906 – 1984 с. Марул

13.Анѓелески Илија кадијата домазет 1898 с. Штавица 1961 с. Марул

14.Павлески Трајчев Анѓеле 1838 – 1910 с. Марул

15.Павлески Анѓелев Петре 1872 – 1951 с. Марул првокласен музичар

16.Павлески Петрев Ванчо 1908 – 1989 Прилеп

17.Павлески Трајанов Јованче 1920 – 1996 Прилеп

18.Петрески Петрев Велјан Бабјак 1877 Крушејца – 1957 с. Марул првокласен музичар

19.Петрески Велјанов Аце –  Бабјак 1904 с. Мусинци 1986 с.Маково

20.Петрески Велјанов Ванѓел – Бабјак 1906 – Мусинци 1941 Прилеп

21.Петрески Велјанов Кристо 1920 с. Марул 2001 с. Ерековци

22.Петрески Велјанов Ванчо Бабјак 1925 – 20.02.2004 Прилеп

23.Петрески Велјанов Алекса Бабјак 1929 -2013 првокласен музичар

24.Јовчески Ванѓелов Трајан 1966 – 1977 год.

25.Танески Велјанов Ордан 1978 год.

26.Петрески Петрев Димитрија (Бабјак) 1979 – 1981 година

27.Од 1982 година почна да се служи месец дена по домаќинства не издржа подлго време клучот го презеде Јовчески Трајан до 2016 година.

Продолжува

Loading