ФАСАДА, ПОД, МЕБЕЛ …

ou strasho pindzur

ОУ „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО СЕЛОТО МАЛО КОЊАРИ

Последниве години во ОУ ,,Страшо Пинџур,, во Мало Коњари е реконструиран подот и обновена е фасадата. Набавен е нов мебел и реконструирана е спортската сала и соблекувалните.

-И во подрачното во Големо Коњари е поставен ламинатен под и нови вариолајт ролетни. Сменет е канцеларискиот мебел. Реконструирани се санитариите и уреден е дворот. Дотраените дрвја се заменети со зимзелени. Набавени се смарт табла и други нагледни средства за одделенската и за  предметна настава. Инсталирани се 7 инвертор клими за сите училници и канцеларии во Големо Коњари и Кадино Село – вели директорката Ирена Кироска.

Годинава се очекува градба на ново спортско игралиште во Големо Коњари. Ќе се постави централно греење во Мало Коњари, а бистата на патронот ќе го краси дворот.

Loading