НЕОСТВАРЕНА ЖЕЛБА

Одбојка

Многу години одбојката е во криза. Градов нема ниту машки, ниту женски претставник во прволигашките сениорски лиги. Во последно време од ЖОК 11 Октомври се очекуваше учество во Првата женска сениорска лига, но не може да се направи исчекор. Според тренерот Глигурче Локвенец, проблем се финансиите. Иако биле обучени и оформени доволен број одбојкарки од 15 до 20 години, нема да биде остварена големата желба. Најквалитетните од клубот ги бараат во други клубови. И тие заминуваат. Нови дестинации се Кичево, Битола, Струмица….

Клубот натаму е со тие што останаа и со новозачленетите.

Loading