ЦАРСКА ПИТА ОД ГОТОВИ КОРИ

Фантастичен рецепт за пита приготвена од готови кори. Еднаш кога ќе се направи, ќе стане омилена, оти е вкусна, а се јаде не само топла. Добра е и ладна. Се послужува како ладно предјадење како солен ролат.

Покрај 4-5 готови кори, потребни се за филот, 4 јајца, 200 гр. брашно, 1 прашок за печиво, 250 мл. јогурт, 100 мл. масло, 150-200 гр. салама сечкана на коцкички, чадена печеница или било кое сувомеснато, 200 гр. тврдо сирење. Потоа, 4 исцедени кисели краставички, зелена или жолта бабура,  црвена пиперка и сол се додава по вкус.

Во подлабок сад со електричен миксер се матат јајцата додека до пенаи раст на волуменот. Додека се матата се додава 100 мл. масло и 250 мл јогурт. Во смесата се додава уште 200 гр брашно и кесичка прашок за печиво. Се мати со миксерот да нема грутчиња. На хомогената смеса се додава 200 гр тврдо сидтно издробено тврдо сирење, зелена бабура сечкана на коцкички и свежа црвена пиперка ситно сечкана. Потоа се додаваат 4-5 кисели краставички, ситно сечкани. Се меша со лажица и се додава 150 гр. сувомеснато, сечкано на коцки. Може и со пилешка салама. На крајот малку сол по вкус.

Смесата се става врз корите и се сече по мерка. На дното се става една кора, па преку неа се распоредува малку од филот. Преку филот нова кора, па пак фил, додека не се потроши материјалот. Завршница е кора без фил. Се покриваа со фолија и се пече во загреана рерна на 180-200 степени. После 35 минути се трга фолијата и се враќа уште 10 минути да зарумени.

Питата е крцкава однадвор, а одвнатре е мека.

Loading