ТАМАРА НАСЕВСКА ТВОРИ, ИНСПИРИРАНА ОД ЖИВОТОТ

naseska

Ученичката втора година во СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко”, Тамара Насевска со 16 години, е автор на три дела. Станува збор за,,Гласот на моето срце”, збирка поезија во која мотивот е подобро утре, односно копнежот по посветло и поубаво утре и ,,Дождливи капки во пустина”, збирка поезија чија содржина трага по човечноста во луѓето која сé повеќе бледнее и ,,Мечтаеш ли и ти?”,  комбинација на поетски и прозни дела во кои на директен или индиректен начин се пронижани и искажани  нејзините мечти.

Учествувала со своето творештво во 11 збирки од група автори, меѓу кои и ,,Средношколски размислувања,, 2020 г.

-Првенчето го издадов на 14 години. Се придружувам на многу литературни конкурси и читања од каде жнеам и награди. Во збирката ,,Лове ис Лове,, со свое дело меѓу 500 автори бев номинирана во топ 20 творци. Со уметноста пловам во неколку проекти, кои наскоро ќе видат,, бел ден,,. Планирам да  подготвам роман во насока да ја продлабочам литературната дарба во уметноста. Верувам дека со победата над пандемијата, ќе се промовираат моите дела во повеќе градови во земјава – објаснува младата Насевска.

Инспирацијата најчесто ја црпи од животот и од доживувањата од туѓите животи.

– Емотивна су, и затоа доминираат чувствата во моите творби. Емоциите лесно се споделуваат со сродни души. Препознатливи е тоа што преовладува голема доза на рима. Сакам да станам професор по македонски јазик и литература. Затоа низ животот патувам со мотото: ,,Верувај во неможното, еден ден, порано или подоцна, ќе стане можно,, – истакнува младата авторка.

Loading