СПОКОЈСТВОТО НА „МАЛИОТ“ ГРАД ОД СЛОНОТ

Panorama na Prilep vo 30 godini od minatiot vek

Ако сега од манастирот Архангел Михаил со поглед ја голтате Пелагонија, Прилеп во триесеттите години како на тепсија се гледа од природната скулптура Слонот над резервоарот под Марковите кули. Оној кој го посетил овој природен споменик, кој го забележал и Рипли, се сетил да го фотографира мирно  распосланиот  Прилеп  до Тутунскиот комбинат.

Од Слонот како од трон се впиваат со поглед  разредените куќи со многу зеленило. Пред него, се раширило дел од прилепското поле со слободно и обработливо земјиште. Мазно како азно, што би рекле постари.

Според сликава, не изгледа како Прилеп да се ,,прилепувал,, на Варош како што милуваат да раскажуваат старите варошани. Изгледа како Варош да се ,,прилепил,, до Прилеп.

Денес, нема игла каде да се фрли. Изградено е сето што е голо и празно на сликава. Прилеп расте и во ширина и во должина. На наше задоволство. Куќите се наша одлика, а не зградите. А за нив треба простор.

Loading