ПОПРИЈАТЕН АМБИЕНТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Во ОУ Блаже Конески

blaze koneski

Во ОУ ,,Блаже Конески,, во континуитет се креваат стандардите за квалитет на амбиентот за работа за учениците и наставниците. Во неколку наврати се набавени наставно-образовни помагала. Реконструиран е оградниот ѕид и рампата, уреден е дворот со бекатон плочки, опремени се училниците со 15 смарт телевизори и обновени се нагледните средства.

Најголем проблем е фискултурната сала, во која со години не е вложувано во опрема и реквизити. Набавени се душеци, столбови и мрежа за одбојка, координациони кругови, прилагодливи скали и маркери за подобрување на условите за учениците. Училиштето се поднови со 126 клупи, 380 столчиња и 47 шкафчиња распоредени во централното и училиштето во Варош. Таму се санирани санитарните јазли.

-Освежени со боја се летниковците и клупите во паркот. Се разубавува екстериерот и ентериерот. Набавени се дополнителни нагледни средства, смарт табли – вели директорката Ангелка Баракоска.

Се најавува реконструкција на осветлувањето. Во план е изградба на соблекувални. Ќе се аплицира за средства за замена на подот во училиштето и реконструкција на фасадата со термоизолациони материјали. Продолжува обезбедувањето на нови нагледни средства.         

Loading