ПОДОБРЕНИ СЕ УСЛОВИТЕ

Во ОУ Кочо Рацин“

ou-kocho-racin-10

Во ОУ ,,Кочо Рацин се подобрува инфраструктурата. Набавени се современи нагледни средства за подобрување на квалитетот на образовниот процес.

– Реконструирани се училници и пренаменети во просторија за продолжен престој со што е исполнето барањето на родителите. Санитарните јазли се реконструирани со 900.000 денари – вели директорката Зора Чадамова.

Во сите училници се поставени вариолајт завеси. Учениците ги чуваат материјалите за наставата се поставени шкафови има во училниците и во ходниците. Целосно е реконструиран и санитарниот јазел на третиот кат за приспособување за настава со физичко присуство.

Објектот е молерисан заради дезинфекција и дезинсекција. Поставен е асфалт во училишниот двор и игралиштето е обележано. Вложено е и во нагледни помагала. Покрај шесте интерактивни табли, набавени се телевизори, проектори, нагледни средства за кабинетите по биологија, физика и хемија, клупи и столчиња за секој ученик.

За годинава  се очекува реконструкција на фасадата. Градежни зафати ќе има и во подрачното училиште. Заради неможност за поставување на пристапна рампа, се планира монтирање на лифт.

Од 780 ученици, во ОУ ,,Кочо Рацин,, 270 се ученици од прво до трето одделение кои следат настава со физичко присуство според препораките за заштита од Ковид 19. Останатите ја следат наставата онлајн. Процесот се одвива без проблеми.

Loading