ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (85)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Лица од женски пол д с. Марул што паселе овци и биле видени в поле

1.Василоска Китаница Зора;

2.Велјаноска Благојца Мара;

3.Велјаноска Благоева Лоринка;

4.Велјаноска Ванѓелица Неда;

5.Велјаноска Ванѓелова Бисера;

6.Велјаноска Ванѓелова Верка;

7.Велјаноска Ванѓелова Донка;

8.Велјаноска Ванѓелова Петра;

9.Дамјаноска Благојца Доста;

10.Димитриоска Гоцејца Васка;

11.Димитриоска Миланица Мара;

12.Јанкоска Дончова Славица;

13.Јанкоска Трајчејца Верка;

14.Јанкоска Цонејца Драгица;

15.Башеска Боризица Ристана;

16.Јолеска Божиница Доста;

17. Јанкоска Најденка домазетица;

18.Јованоска Вангелица Босилка;

19.Котеска Василица Ратка;

20.Котеска Петрева Киска;

21.Колеска Ванчојца Цена;

22.Колеска Велева Трајана;

23.Мурџеска Степаница Божна;

24.Мурџеска Јончејца Коприна;

25.Николоска Стојаница Божна;

26. Стојкоска Алекцојца Милица;

27.Јолеска Божинова Ракида;

28.Петреска Димитрица Драгица.

Протуѓери во с. Марул што се запамтени

1.Колески Јованов Грујо околу 1835 – 1899 година;

2.Колески Грујов Боше 1859 – 1947 година;

3.Ризоски Бориз 1906 – с. Бонче 1981 Прилеп;

Ризоски Дојчиноски Бориз протуѓерот не е од родот Колески него е дојден домазет за внука од син на Боше. Колески протуѓарлако го презел од дедото Боше. Како што се гледа приближно – повеќето време од 100 години во с. Марул имало само три протуѓери.

Ковачници во с. Марул

Со развивањето на с. Марул имало и три ковачници за клепање паличниците.

1.Ковачница под гумното на Јанкоски Петре;

2.Ковачница кај црницата на Башески Коле;

3.Ковачница имало спроти колеското лозје на патот;

Казарници во с. Марул

Казарници за варење ракија има во с. Марул две, Колеска – Павлеската и Танеската казарница.

1.Колеската – Павлеската казарница е правена од свадбинските пари за женидбата на Колески Веле 1927 и Павлески Ванчо 1928 год. поради Ванчо и Таса велеа беа први братучеди комшии парите ги задржале за казарница.

2.Казарницата Танеска е правена во летото 1956 година заедничка казарница помеѓу братучедите или домаќинствата Дончо Јован и Алекцо – Мицевци Ристевци – Трајановци а каменот за казанот го правеше Тошески Јолев Божин во местото Стените во Гулабоската Стена.

Марулската црква

Првата марулска црква е градена најверојатно во почетокот на христијанството. Првата црква била изградена јужно од денешната црква во аголот на реката од горничка и реката од орев. Водата од горничката река почнала да ја поткопува црквата и жителите тогашни на селото се согласиле црквата ја преселиле на сто метра позади денешната црква крај реката од Орев. Има остатоци од камење и ден денес од првата црква. Вторава црква што ја изградиле поред реката Орев годината не е позната. Во 1846 година била зима со голем снег. Кога се топел снегот во пролетта местото позади црквата се слизнало и црквата пукнала и ден денес слизнатото место се познава. Жителите на селото се одлучиле да ја преселат. Посигурно место го одбрале во напуштените поповски гробишта како светено место. Местото го расчистиле и во 1847 година почнале да ја градат црквата.

Наишле на недеоразбирање кај тогашната влас на Турција. Црквата морала да биди половина метро в земи, да не биди повисока од султановата џамија се знај каурино нагоре расти ама со наведена глава да гледа надолу в земи. Наоѓале и други закачки до камењето на чошовите да ги купат од Кукул на Прилеп. Еден таков камен чинел една лира од парче. Тешко пари се собирале времето одминувало спорот бил измислен од страна на турските власти за да не се прави црква но имало некое законче кое дозволувало ако имало од порано црква можело да се подигни ова црква.

Ѕидовите подигнати на црквата биле градени побелени од уткините курешки како што кажувал Дојчиноски Тоше Јован (Јоле) роден 1850 – 1933 година. Во местотот на црквините ѕидови имало иксвачени утчиња во 30 седела сето место смрдело од храна на малите утчиња од гуштерици и бумбари. Јоле одел таму за време на неговото детинство. Исто со него оделе кај црквата и неговите другарчиња стари деленици браќата Грујоски Јованов Митре (Курела 1847 – 1929 и неговиот брат Грујоски Јованов Ѓорче 1850 – 1943) ѕидовите на црквата одалеку гледани изгледале како варосани од курешките на утките. Турските власти ја попречувале работата за да му се згрози погледо од курешките на утките и да откажат марулци од понатамошно градење на црквата.

Марулските жители моралот не го губеле. Наумче Танески имал две тополи, ги подарил за покривот на црквата. И тие двете попречни греди во црквата ги подарил Наумче. Затоа пак господ му дал долг живот откако наполнал сто години од неговото раѓање си заминал од овој свет во 1899 година. Вредни и морални марулци сплетиле леси од лескави прачки, ги послале преку гредите, ги премачкале со црвена кал помешана со плева и одозгора плочи камени наместо ѓерамиди, покривот траеше до пролетта 1954 година кога доби нов покрив со современи ѓерамиди. Конечно на 8 септември 1859 година марулската црква Св. Мала Богородица била осветена.

Продолжува

Loading