ПАРИЖАНИ ВО ПРИЛЕП

Историја

На 16 и 18 август 2003 година во Универзалната сала се одиграа два пријателски меѓународни ракометни меча меѓу Тутунскиот комбинат и францускиот Иври од Париз. На првиот се водеше израмнета борба до финишот, кога Србинот Мартиновиќ го даде победоносниот гол за гостите, за конечни 26:27. Во прилепскиот тим најефикасен беше Макалоски со 12 гола, а уште играа: Чупаркоски, Соколески, Лукиќ, Локвенец, Лашкоски 4, Трајкоски 1, Ангеловски, Иваноски, Когој, Шокоски 3, С. Илиески 3, Петкоски, Димчучулески 2, Бозароски 1, Нешкоски. Тренер беше Зоран Зечевиќ. Вториот меч, Французите го добија поубедливо, со 26:21, при што најефикани беа Ришар и Мартиновиќ со по 5 гола, а во домашниот состав Макалоски даде 9.

Иври е осумкратен шампион на Франција.

Loading