МАНТА – 23 ГОДИНИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Изборно собрание на ОФС Прилеп

Според очекувањата помина Изборното собрание на Општинскиот фудбалски сојуз. Присутните делегати со акламација го реизбраа Марјан Стојкоски – Манта за претседател на Сојузот за наредниот четиригодишен мандат. Прв човек на организацијата ќе биде 23 години, бидејќи на таа функција е од 2002 година, кога го наследи Петре Божиноски. Поддржувачите на Манта ја имаа ја знаат неговата пребогата животна и фудбалска биографија. Фудбалер од дете до професионалец и репрезентативец, спортски директор на Победа, координатор на Третата лига, член на УО на ФФМ, национален директор на македонските фудбалски селекции…  Пласманот на Европското првенство на А-репрезентацијата е голем поттик за исчекор и на прилепскиот фудбал.

-Продолжуваме со поддршката на клубовите. Теба да се подобрат условите за тренинзи и натпревари. Се закагаме за дотерување на игралиштата. Максимум вложуваме за натамошниот развој – рече Стојкоски.

Собранието е со поддршка за Муамед Сејдини, претседетел на ФФМ.

Loading