ЛЕК ПРОТИВ СИТЕ БОЛЕСТИ

borovinkaСтанува збор за посебен вид на вино од боровинки и смреки.

Боровинките може да ја разубават и омекнат кожата, па дури да спречат и рак. Го јакнат имунитетот. Овие бобинки имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје или зеленчук. Повеќето нејзини моќи доаѓаат од пигментот кој е одговорен за сината боја. Одлични се за вид и за здраво срце. Го намалуваат нивото на шеќерот во крвта и го топат салото околу стомакот. Помагаат при опстипација. Ч аша сурови бобинки содржи околу четири грама влакна. Растворливите влакна во боровинките можат да апсорбираат 11-16 пати од сопствената тежина во вода и на тој начин да ја забрзаат работата на цревата. Имаат големи количини манган за развојот на коските.

Смрекинките имаат необичен вкус. Се користат како зачин во европската и индиската кујна. Порано се користеле како лек. Здравствените својства се познати и денес. Најкорисна состојка к е 4-терпинен, кој помага при намалување на нивото на мокрачна киселина. Го подобрува дигестивниот тракт и го намалува ризикот од вируси. Двете бобинки во комбинација имаат неверојатен ефект врз здравјето.

Рецептот е базиран на бобинки од боровинки и смрекинки натопени во вино и ракија. Тоа е вино од боровинки. Лекот се применува кај проблеми со лоша циркулација, лоша крвна слика, главоболки и вртоглавици, слабо памтење, слабо срце, акутни и хронични проблеми со желудникот и цревата, воспаленија на дебело црево, анемија и слаб имунитет.

Се консумира за проблеми со слабо срце. Сличен напиток од боровинки се спомнува во Лондон уште од 1698 година.

Виното успешно ја регулира цревната флора и ги уништува и регулира размножувањето на штетните бактерии и глисти. Се препорачува при различни дигестивни пречки. Помага при недостиг на апетит и слабост предизвикана од некоја болест, операција или пад на имунитетот. Бидејќи добрата циркулација и дигестија е клуч за добро здравје, со добра работа на срцето и мозокот јасно е зошто ова вино кај народот е наречено лек против секоја болест.

Потребни се 500 гр. свежи боровинки, 500 гр. сини смрекинки, литар квалитетно домашно црно вино, 500 мл. јака домашна ракија, 3 лажици домашен мед и 3 лажици шеќер. Боровинките и смрекинките семијат и се стават во голема тегла. Се налва виното да ги прекрие бобинките. Се остава да стои во фрижидер 48 часа. Потоа се додаваат ракијата, медот и шеќерот. Семешаат да се растопат медот и шеќерот. Комплетната смеса треба да стои 7 дена за да мое да се користи.

Се пие по 4 лажици вино наутро и навечер. Во секоја доза да има по неколку боровинки кои сеџвакаат пред голтањето. Виното се користи 3 дена наутро и навечер по што се паузира 2 дена додека се потроши целата доза.

Loading