КРИСТАЛНО ЧИСТИ ГРАДИ ЗА СЕДУМ ДЕНА

Бронхопневмонијата се повлекува за 7 дена и белите дробови стануваат кристално чисти со природен лек. Рецептот е добар и за искашлување на слуз. Помага и при астма и други болести на белите дробови.

Потребни се 500 гр. ливадски мед, сок од 1 лимон, 3 лажици ленено семе, 1 лажица семе од бел синап. Леленото семе и синапот се мелат во прав. Се цеди лимоновиот сок, па  се додава во теглата со мед. Се меша со медот малку да се разреди. Се додаваат мелените зачини и се мешаат во медот да се впијат состојките. Поклопено се чува во фрижидер. Се употребува 3х1 супена лажица. Природниот лек се зема штом почне грлото да гребе.

Еве и едно ,,чудо,, за имунитет во зима. Потребни се 1 кг. свеж корен од ѓумбир, 1 кг. мед или по вкус и 4 сочни лимони. Лимоните се мијат и се оставаат во вода со малку сода бикрбона. Се плакнат со ладна вода. Се сече на тркалца за полесно да им се извадат семките. Потоа се сече на поситни парчиња, па убаво се меле во блендер до каша. Ѓумбирот се мие, се лупи и се мели. Мелените лимони и ѓумбирот се соединуваат со медот. Се мешаат до изедначување на смесата. Се складира во стерилизирани стаклени тегли и се чува во фрижидер.

Секое утро на гладен стомак се зема една супена лажица. Многу е вкусно и убаво. Го загрева телото и му дава полетна енергија.

Loading