КОЛКУ ТИМА ОТПАЃААТ ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА 15 МАРТ

Ракомет

Екипата на Прилеп со двајцата нови – пивотот Александар Тренчевски и средниот бек Златко Везенкоски, се подготвува за пресудниот, дел за опстанок, плеи-аут. Според натпреварувачки систем, од 8 тима отпаѓаат 6, вториот игра бараж, а само првиот се спасува. Не е исклучена измена. До 15 март е оставена можност РФМ да го потврди досегашниот систем или да донесе измена на барање на клубовите. Неизвесноста ќе трае до почетокот на натпреварите, на 7 март. Дотогаш се пријателските дуели. Одиграни се 4 пријателски меча – по два со Еурофарм Пелистер 2 и со Струга. Претстојат два меча со Охрид и со Пролет,

Во гласањето на порталот ,,24 ракомет”, десното крило Реваз Чантурија доби 5868 гласа, левиот бек Даниел Андоновски 3545, а тренерот Горан Кузманоски 6258.

Loading