АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Многу главни не биле и славни.

X

Подобро е да си човек во сенка отколку сенка од човек.

X

Најсомнителен е оној кој знае кои се сомнителни.

X

Не го бери грозјето само за да не се најдеш во небрано.

X

Почитувајќи ги другите и кога ќе ти пораснат акциите.

X

И од залезот на демократијата профитерите печалат.

X

Светлото на крајот на тунелот можат да го видат само кои успеале да влезат.

Д-р Хаџи-Васков

Loading