ВТОРА НАГРАДА ЗА ВИОЛИНИСТОТ ДИМОСКИ ВО МАЛЕЗИЈА

Foto leonardoНашиот млад виолинист, Леонардо Димоски реди успеси, освојувајќи награди на натпревари од светски ранг.  Димоски на онлаин натпреварот  во Малезија ја освои втората награда во конкуренција на 560 учесници од пет континенти и 38 држави. Жирито го оценија настапот на Леонардо со високи оценки при изведувањето на дела од Бах, Локатели, Паганини и Виениавски.

Втората награда доаѓа по претходно освоената трета награда на онлаин Интернационалниот натпревар во Москва.

Признанијата се потврда на талентот и посветеноста на музиката и виолината, со која по повеќе часа музицира во едно деноноќие.

Димоски сега вежба за настап во живо на натпревар во Италија.

Тој е ученик во средното музичко училиште во Битола.

Loading