ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ТРИДИМЕНЗИОНАЛАНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Институт за старословенска култура

Со создавањето на тридимензионалните модели за археолошките локалитети Скупи и за доцноримскиот термален комплекс лоциран кај селото Банско кај Струмица комплетно е реализиран проектот ,,Тридимензионално моделирање на пет археолошки локалитети од римскиот период”, финансиран од Министерство за култура во програмата од национален интерес за лани. Проектот го имплементира м-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура.

-Заради комплексноста на геометријата и заради неможноста просториите и градбите во термалниот комплекс кај Банско во целост да се снимат од воздух, од фотографии снимени со ДСЛР фотоапарат беа создадени уште два модели. Еден за просториите идентификувани како судаториум и друг за градба со мозаик. Се направи спојување со моделот добиен од фотографии снимени од воздух. Со ова се покажува уште еден исклучителн квалитет од примената на техника на фограметрија во документирањето на недвижното културно наследство. Можноста за спојување на одделно изработени виртуелни модели е исклучително практична за документирање на резултати од ископувања на повеќе истражувачки кампањи. Особено заради потенцијалот археолошки контексти што се шират на просторот и истражувани повеќе години со цел да се претстави состојбата после истражувањето. Тоа е речиси неможно со парцијална изложеност на различни атмосферски влијанија – потенцираат од Институтот за старословенска култура.

Ова е предлог до Министерство во конкурсот за проекти од национален интерес за 2021 година.

-Планирана е интегрирана имплементација на технологиите на географски информациски системи и фотограметрија при истражувањата на еден археолошки локалитет. Институтот ќе го презентира целокупниот процес и примена на тридимензионалната документација и бази со податоци во истражувањето на археолошкото културно наследство. Тоа подразбира процес на транспарентни постапки, техники и методологии апсолутно применливи за документирање, проучување и презентација на резултати од истражувањето на други археолошки локалитети – додаваат од Институтот.

Loading