ПАРИ ЗА ФЕСТИВАЛИ, ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊА…

Програмата за култура за годинава

1

Советниците на локалната самоуправа одделија 8.7 милиони денари за културата годинава. Ќе се поддржуваат бројни културни манифестации. Пари има за фестивали, Деновите на Крали Марко, одбележувања, за изработка на стратегија за култура…

Во зависност паднемијата, планирани се 1,5 милиони денари за карневалот Прочка, за Деновите на Крали Марко (50.000 ден.), за МТФ ,,Војдан Чеернодрински,, (500.000 ден.) и ,,Пеце Атанасовски,, (100.000 ден.). Општината со 100.000 денари ќе ја следи манифестацијата Мариовско мегленски културни средби и ликовната колонија со 40.000 денари. Има средства за одбележување на значајни настани, манифестации, концерти, издавање на книги…

Со 500.000 денари ќе се подготви програма за развој на културниот туризам со анализа на туристичките потреби и развој на алтернативниот туризам. Ќе се  креира стратешки документ за културата и туризмот со 100.000 денари. Ќе се изработи програма за спомен обележја на Прилеп до 2025 година.

Loading