НАРОДНО УЧИЛИШТЕ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Narodno uciliste Sveti Kiril i Metodi kaj Stara Crkva

Древен објект со мирис на војни и сиромаштија. Зградава скоро 90 години до 1917 година, кога е урната. Прво била централно училиште до четврто одделение. Се наоѓа на источниот дел од црквата Свето Благовештение.

Училиштето било отворено со доброволни прилози на еснафите, а помогнала и црквата. Во него учеле машки и женски деца. Подоцна станало класно училиште каде учениците биле поделени по класови. Во јужното крило било сместено и грчко училиште. Учители биле преродбениците Григор Прличев, Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Конастантинов – Џинот, Кузман Шапкарев, Јосиф Ковачев и други.  Древен објект кој мириса на едно време на немир, на војни на сиромаштија. Постарите се сеќаваат дека во него за време на војните се учело на бугарски.

– Другите училишта беа зафатени со жито и во нив беше сместена непријателската војска. Децата од Ридот и околу училиштето се собравме и учевме на бугарски – се сеќава сограѓанин.

Зачувана е градбата, но не е варосана, чиста. Се бори со влага. Судејќи според изгледот од темелот. Околу училиштето се извишиле тополи карактеристични за тие времиња. Во близина се виреел најголемиот орев во Прилеп, кој некои сакале да го исечат да изградат друго училиште. Гркоманите не дозволувале. Во близината во 1880 година било изградено Бабанеделиното училиште, кое првата година го посетувале 180 ученици, а ги учела Баба Недеља Петкова Караиванова, бугарака од Сопот. По неа и е крстено така.

Денес дел од објектот е реновиран. Таму е сместена галеријата на икони.

Loading