МЕКИЦИ СО ЈОГУРТ ЗА 10 МИНУТИ

mekici

Тесто се чува во фрижидер седум дена без да се расипе, а се вади според потребата за подготовка најубавите, најмеките и највкусните мекици. Не мора одеднаш да се потроши целото, а да се приготви од повеќе од еден килограм брашно.

Потребни се 500 мл. млеко, 1 квасец, 1 прашок за печиво, 4 јајца, 1 лажица сол, 200 мл јогурт, 1,4 кг. брашно. Во млако млеко се раствора квасецот со лажичка шеќер и се остава го 10-тина минути на топло да се запени и активира. Потоа се додаваат останатите состојки. Се замесува до мазно тесто да не биде тврдо. Откако добро ќе се измеси тестото, се става во намастен сад и се покрива со проѕирна намастена фолија да не се лепи кога ќе стаса. Тестото може да стои до 7 дена во фрижидер и да се користи кога ќе се посака. Се кинат парчиња и со рацете, се развлекуваат. Се формираат мекицие како тенки кори. Во садот се става малку масло да се загрее, па прже на умерен оган. Остатокот се враќа во фрижидерот, покриено со најлон или затворено во сад.

Loading