ВТОРАТА ЛИГА ПРОДОЛЖУВА НА 13 ФЕВРУАРИ

Кошарка

Во ноември и декември се одигра есенскиот дел од Втората кошаркарска лига – Запад, каде настапува Мега баскет. Прилепскиот тим освои 8 бода преку победите над Медика од Битола со 69:61, Спорт тим од Неготино со 96:52. Поразите беа од скопски Чаир со 70:88, тетовски Тетекс со 61:71, скопско Водно со 50:101 и битолска Хераклеа со 74:100.

Не се одиграни мечевите со Риниа од Куманово, Спарта од Скопје и Охрид. Лигата продолжува на 13 февруари, а дотогаш се подготовките и преодниот рок.

На табелата, меѓу 10 тима, Мега баскет е на 9 место, а лидер е битолска Хераклеа со 16 бода.

Loading