СТРЕЛЦИТЕ – ШАМПИОНИ

Историја

На 18 декември 2005 година беше завршницата од Државната лига во стрелаштво со воздушно оружје – Меѓународна програма. Во последното, 10 коло,  на стрелиште од ЦК ,,Марко Цепенков,, домаќинот Херој Прилеп со 1743 : 1730 го совлада Кавадарци, дотогашниот лидера на табелата. На останатите два меча, Кичево – Ристо Шапкар (Охрид) 1604 – 1312, Охрид – Фото Трајче (Штип) 1654 : 0, бидејќи противникот не допатува. Херој Прилеп стана шампион со 19 бода, пред Кавадарци.

Прилепскиот тим беше предводен од тренерот Трајче Дамевски и стрелците Владимир Магдески, Ристо Василев и Викторија Андоноска.

Кавадарчанката Дивна Пешиќ постави лигашки рекорд со пушка – 591 круга.

Loading