СЛАТКО ОД МАНДАРИНИ

mandarini

Слатко од мандарини се прави со 30 мали мандарини. Се ставаат во тенџере, се прелеваат со вода да бидат прекриени и се додава лажица сода бикарбона. Се става на оган и откако ќе зоврие се намалува умерено да врие 10 минути. Мандарините се вадат со решеткаста лажица, а водата се фрла, па се повторува постапката уште еднаш. Потоа се прави сируп во тенџере од 1 кг шеќер и 3-4 чаши вода, да врие 5-10 минути. Во него се спуштаат мандарините, претходно избоцкани на неколку места и се варат умерено еден час. Пред крајот се става ванила по вкус. Може и малку лимонтус. Тенџерето се покрива со водена крпа, а слаткото се собира следниот ден во чисти тегли. Приготвените мандарини стануваат како локум, лушпата омекнува и се јаде заедно целиот плод.

Во теглите изгледаат декоративно. Слаткото е идеално за подарок на ваши драги луѓе, а вкусот им е интензивно овошен и ароматичен, со фина нежна нота.

Мандарините се и декорација, составен дел од мафини, колачи и торти.

Уште еден рецепт наречен ,,Слатки клементини,,.

Потребни состојки 2 кг. помали мандарини, 1,5 кг. шеќер, 1 литар вода, 500 мл. бело вино, 2 каранфилчиња, 1 стапче цимет, по желба коњак, околу 50-100 мл или лозова ракија. Се топи шеќерот во водата на тивок оган заедно со сите зачини. Откако ќе зоврие се вари околу 5 минути, па се трга од огнот и поклопува. Мандарините се мијат добро со ладна вода. Секоја се боцка на неколку места или се засечува од долната страна во вид на крст, за да може да навлезе сирупот. најдобро е мандарините да се проварат десетина минути во вода со лажичка сода бикарбона, ОВодата се фрла, а постапката се повторува трипати. Внимателно се пуштаат мандарините во сирупот, се стават на оган додека да зовријат.Потоа се намалува температурата до малко вриење околу еден час. Секои 15 минути се превртуваат да се варат подеднакво. Мандарините треба да станат проѕирни, а овошјето меко. Се притиска секој плод малку да се сплосне и да излезе малку сок, а да навлезе сируп. Тенџерето се покрива со влажна крпа и се лади цела ноќ. Следниот ден повторно се загрева до вриење, а потоа со решеткаста лажица се вадатмандарините од сирупот и полека се редат во стерилизирани тегли. Се додава коњак или ракија во сирупот, се меша и се прелива сирупот преку наредените мандарини. Готовото слатко се остава најмалку 24 часа. Приготвените мандарини можат да стојат неодредено долго време.

Со времето, мандарините малку ќе потемнат и повеќе ќе го впиваат сирупот додека да станат проѕирни и да добијат малку потврда конзистенција.

Не се фрла кората од портокал

Обично портокалите се лупат, пулпата се јаде, а кората ја фрла. Од кората се прави лековито масло дома со благопријатни својства.

Се мијат добро портокалите или мандарините, се лупат и се остава кората наредена во чинија да се суши на воздух до една недела. Сува се става во блендер да се сомеле на не многу ситнипарчиња. Потоа се става во тегла и се прелива со водка. Се затвора неколку пати добро, се протресува да се ослободат аромите. Се остава неколку дена со повремено протресување. Потоа се цеди низ двојна газа и се складира во чиста тегла, која се затвора со газа да испари алкохолот. Може да се процеди течноста уште еднаш пред складирање во мали шишенца.

Маслото го подобрува имунитетот, содржи природни антибактериски својства, ја подобрува циркулацијата, содржи анти-инфламаторно дејство, ја намалува болка и го подобрува расположението. Може да се користи во домаќинството за чистење.

Во кората на еден портокал има 60 различни флавоноиди и 170 други нутриенти одлични за здравјето и за нега на кожата.                   

Loading