МОНОГРАФИЈА ЗА СТЕВАН ВАСИЛЕСКИ

Stevan Vasileski

,,Стеван Василески – живот, творештво,, е монографијата што излезе од печат за големиот прилепски уметник, чие творештво од цртежи, графики, платна, мозаици, скулптури е значајно за градот. Автори се Лепа Милошевска, Елизабета Дерменкоска – Иваноска и Викторија Димеска. Тие потенцираат дека монографијата го презентира творештвото на уметникот, кој успеал преку неговите дела да го дефинира и рафинира уметничкиот вкус. Преку циклусите ,,Корен и камен”, “Везилка,, и ,,Под Марковите кули,, Василески го изградил сопствениот морфолошки ликовен јазик и вокабулар.

Василески е уметник од повоената македонска плејада. Се вградил во  изградбата на современата ликовна сцена. Генијалноста се чувствува преку симбиозата на разновидни естетско морфолошки јазици и стремежот кон еволутивен ликовен развој. Ја отелотворил и овековечил борбата на универзалниот внатрешен творечки конфликт меѓу вечното и минливото битие, создавајќи богато творештво проткаено со современи светски естетски вистини и постулати на уметноста.

Василески творел во импресионизмот, кубизмот, експресионизмот, надреализмот и апстракцијата, потврдувајќи го сопствениот идентитетски печат.

Авторите успеале да го доловат творештвото како автентичен и неповторлив континиум, за кое Џиков напишал дека било надеж за младото македонско сликарство.

Loading