ПОБЕДА НА 6 МАРТ СЕ ВРАЌА НА ГРАДСКИ

Фудбал

Pobeda

Второлигашот Победа почна со тренинзите водени од тренерот Дарко Крстески. На првиот собир најзначајната вест беше дека екипата на 6 март ќе се врати на теренот од Градскиот стадион да го одигра првенствениот меч дома со Слога. Уште ако пандемијата спласне и се дозволи публика, тоа ќе биде ден за паметење.

Засега нема измени во играчкиот кадар. Добро е што сите остануваат и никој не заминува од клубот кој се бори за опстанок, со оглед на 8 место, меѓу 10 тима, што е две места под спасоносното шесто. Треба да се сочека дали и натаму ќе настапуваат највозрасните, како 39-годишните Благоја Гешоски и Благојче Дамевски, кои есеноска го дадоа максимумот. Се прават напори да се доведат квалитетни засилувања во сите линии од тимот.

Подготовките, со по два тренинга дневно, ќе содржат 6-7 пријателски мечеви. Втората лига – Исток продолжува на 27 февруари со гостувањето кај Брегалница во Штип.

Loading