НАГРАДАТА „ВОЗНЕС“ ЗА РОМАНОТ „НАУМ И СИНОВИТЕ“ ОД БОЖАНА ТРЕНЧЕСКА

roman TrenceskaПисателката Божана Тренческа за романот „Наум и синовите“ се закити со наградата Вознес на фондацијата Такев, доделено за остварување за 2020 година. Тренческа вели дека секој кој што пишува се радува на секоја награда.

– Најголема награда сепак се читателите, кои не штедејќи ги комплиментите, ми ја полнат душата. Нема мала или голема награда. Среќна сум кога читател ќе ми напиши или ќе ми се јави на телефон да ми искажи восхит – вели Тренческа, која годинава планира да го издаде романот ,,Албумот со спомени,, и книгата ,,Раскази за сечија душа,, и да го доврши романот ,,Старата,,.

Романот ,,Наум и синовите,, е современа битова драма за семејство во втората половината на минатиот век. Исполнет е со прекрасна реторика и размислувања за животот и миговите кои го прават богат со драгоцени ситни детали.

Тренческа уште од младоста пишува. Сега е активен член на Клубот на литературни творци. Добитник е на бројни награди и признанија. Автор е на повеќе дела.

Loading