ИСТИ ПРАШАЊА – РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ

Mile Talevski - pratenik 1МИЛЕ ТАЛЕВСКИ – пратеник од СДСМ во Собранието на РСМ

1. Какво е чувството и одговорноста да се биде пратеник?

Да се биде вистински глас на граѓаните во највисокиот законодавен дом, да работи исклучиво според потребите и интересите на граѓаните, да се биде чесен, одговорен и лесно достапен за разговор со секого, тоа се карактеристиките кои треба да ги поседува секој пратеник. Се водам од  тие карактеристики во делувањето како пратеник во Собранието и надвор од него.   

2. Каде е Прилеп во проектите на Владата и буџетот за 2021 година?

Владата издвои над 4 милиони денари за изработка на Основниот проект за изградба на нов театар, јасно ставајќи до знаење дека Прилеп ќе добие нов храм на театарската уметност. Во 2021 година продолжува градежната офанзива. Издвоени се 6 милиони денари за реконструкција на улицата ,,Кеј 1 Мај,,. Предвидени се 54 милиони денари за нови два проекта: реконструкција на главниот цевковод на водоводот од Пашалиска ливада до главната шахта во Прилеп и 5.5 милиони денари за водоснабдување за манастирот Трескавец. Во март почнува изработката на проектната документација за автопатот Прилеп – Битола. Ќ е биде современо автопатско решение, чија изградба ќе чини 100 милиони евра. Напролет, продолжува градбата и на експресниот пат Дреново – Фариш. Дополнително, од Фариш до Прилеп ќе биде извршена целосна реконструкција на трите ленти. А, во делот на превојот Плетвар, секаде каде што има две ленти, ќе биде изградена и трета. Изградбата на нова инфраструктура, носи раст на економијата, нови инвестиции и повисок животен стандард во прилепскиот регион, затоа е во фокусот на Владата предводена од СДСМ.

3. Државата е исправена пред најголемата и најобемната статистичка операција, планираниот Попис на населението во април?

Пописот е статистичка, а не политичка операција. Задолжителено треба да се одржи годинава. Нашата држава е единствена во регионот и пошироко, која нема организирано попис 18 години. Релевантни и точни статистички податоци за нашето население им се неопходни на граѓаните, на институциите, на бизнисот и науката, особено за развојот на економијата. За разлика од претходно, кога екс власта на ДПМНЕ организираше политички одбори за пописот, сега ќе ја врши Државниот завод за статистика. Веќе е направен пилот-попис кој помина одлично, а Европската комисија таа фаза ја оцени како одлична.

4. Гасификацијата на земјата како една од статегиските интереси?

Гасификацијата, како капитален проект, значи намалено загадување на животната средина. Потоа е огромна економска придобивка за граѓаните и стопанството, преку намалени сметки за греење и поевтино и поконкурентно производство. Завршени се 80 отсто од централниот гасовод, кој веќе поминува покрај Прилеп. Се отвора можност за отпочнување на секундарната мрежа во општината, која ќе се гради со средства од Владата. Општината ја подготвува проектната документација. Прилеп ќе биде меѓу првите градови во кои ќе започне изградба на секундарна гасоводна мрежа.

5. Европскиот пат на државата, договорите за добрососедство и македонскиот идентитет и јазик?

Со Договорот од Преспа, од 2018 година, се отвори патот за членство во евро-атлантските структури и се воспостави стратешко партнерство со соседна Грција. Денес сме горда земја членка на НАТО, а Грција е наш силен поддржувач за влез во ЕУ. На тој пат, остави горко чувство неодговорната грешка на Бугарија и ветото, прекршувајќи го Договорот за добрососедство и пријателство. Ставот на Бугарија е ирационален и навредлив за Македонците. Во 21 век, да му кажувате на друг како да се чувствува, како да се самоопределува и да му ја пишувате историјата, не е ниту европски, ниту демократски, ниту пријателски. Никаде не се преговара за идентитет и јазикот. Категорично тврдам дека Владата за тоа не преговара со Бугарија! Во духот на добрососедството, верувам дека постојат начини за решение за почеток на преговорите со ЕУ, без да се допираат идентитетските прашања и македонскиот јазик.

6. Справувањето со корона пандемијата и имунизацијата на населението?

Битката со Ковид-19, ќе ја добиеме само со строго придржување до заштитните мерки: редовно носење на заштини маски и без групирање на граѓани. На тој начин ќе си помогнеме и себе си и на здравствените работници, кои се на раб на силите. Во февруари пристигнуваат првите вакцини од Фајзер. Дополнително преку Ковакс-механизмот и преку пријателски земји од Европа, ќе бидат обезбедени онолку вакцини колку што í се потребни на нашата земја и ќе бидат бесплатни. 

7. Економските мерки за помош на граѓаните и фирмите?

Како Влада и како владејачка партија, покажавме дека здравјето на граѓаните е најважно! Покажавме дека подеднакво важно е во овие тешки времиња да им помогнеме и да им ги олесниме животот на работниците, на стопанството, бизнисите, на пензионерите, земјоделците, студентите, средношколците, на социјалните категории и на сите други погодени и засегнати од пандемијата на коронавирусот. Донесовме четири пакети на економски мерки од над милијарда евра. Тие пари завршија и тековно завршуваат во рацете на граѓаните кога им се најпотребни.

Стратегија за локалните медиуми ослободени од притисоци?

Што е за вас новинарството?

Заврши времето на подредени и на привилегирани медиуми, како и на нарачани вести. Денес, во етерот доминира критичката мисла и слободата на изразувањето. За разлика од минатото, кога власта на Груевски трошеше десетици милиони евра за контрола на медиумите, Владата од СДСМ, останува на политиката за забрана за владино рекламирање. Важно е што веќе е најавено дека ќе им се дозволи на општините и јавните претпријатија да трошат средства во локалните и регионалните медиуми, исклучиво за најнеопходните кампањи од јавен интерес. Пример е кампањата за заштита од вирусот Ковид-19.

Loading