ГАЈЛЕ

Убаво ќе е секој да може да си ги преброи своите гајлиња и да каже конкретна бројка. А, некако тешко оди броењето, па и дека се свои, и гајлињата потешки се чинат. Да не можеш да ги доброиш.

Интересно е кога некој ќе рече – ,,Не бери гајле,,. Па каде воопшто се бери гајле? Зар расте на дрво, се кине и се собира во кошница? Да беше така, ќе се пребројуваа гајлињата, па дури и лесно мжое да се откажеме од нив. Во суштина, советот поучува да не се бери од дрвото со гајлиња.

А ние, речиси никогаш не го слушаме добронамерниот совет. Гајлињата земаат толкав на дел од животот што сме се навикнале да ги бериме. Така  – ,,Не бери гајле,, најчесто не функционира.

На некого му е гајле, а на некого ич не му е гајле. И секој човек може да се пронајде и во двете категории. Оние на кои не им е гајле, почесто се слушаат. Ќе се изнакажат за сé што им е гајле. На крајот изгледаат недопрени од темата, или ненасекирани, ќе кажат дека воопшто не им е гајле. Тие се силни и речиси бесчувтсвителни, нели? А, тие кои што им е гајле, ќе се пожалат и ќе го кажат гајлето, некој да ги утеши со едно ,,Не бери гајле,,.

Секој е некако поврзан со гајлето, или има забрано гајле или пак не му е гајле. Наше е да видиме која е подобрата страна и да í се приклучиме.

Гајле е турцизам кој потекнува од турскиот зборгаиле. Во македонскиот јазик е со значење на грижа, мака, невојла и тоа во улога на именка.

Нина Насеска

Loading