ДОМАШНА БИЛКА ЗА ДИШЕЊЕ СО ПОЛНИ БЕЛИ ДРОБОВИ

lilЗелениот лилјан е собна билка која треба да се има дома, особено ако се живее на прв или втор кат на улица, поради изложеноста на издувни гасови. Успешно го неутрализира дел од штетниот чад на цигарите.

Билката не само што е убава и декоративна, туку е и корисна, оти штити од секакви загадувања. Ја подобрува микроклимата во домот.

Ефикасно ги неутрализира штетните материи за организмот, како што се фенол, бензен, формалдехид и други, кои ги емитуваат современите материјали во мебелот од иверица. Апсорбира издувни гасови. Хлорофитумот е неопходен и во кујната, бидејќи го впива јаглен-моноксидот. Пожелно е да е декорација во домовите кај пушачи за неутрализација на чадот од цигарите. Делува и антибактериски.

Не бара голема нега. Се чува на светлина и на сенка. Ако е на сочнева светлина, хлорофитумот со време ќе стане посветол, а линиите на листовите поизразени и подекоративни. Кај оние што се под сенка, линиите постепено исчезнуваат.

Loading