АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ветуваат  светло на крајот на тунелот, но не се знае каде е тој.

Ако ви ги испратат мозоците, на ред ќе дојдат и  – душите.

Не се обидувајте да го ретушира народот.

Зарем е можно толку пати да се сопнувал од ист камен?

Секој ден е дел од вечноста.

Поправајќи ја сегашноста очекувај подобра иднина.

Големи се оние кои влеваат верба дека и други можат да постанат големи.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading