ОДБЕЛЕЖАНИ 100 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

100 god.od smrtta na Cepenkov

Делегации од ЦК ,,Марко Цепенков”,  градоначалникот Илија Јованоски, и од Советот со полагање на свежи цвеќиња на спомен обележјето на Марко Цепенков, пред институцијата, одбележаа 100 години од неговата смрт.

Центарот за култура 41 година го носи името на собирачот на македонски народни умотворби. Тоа е непроценливо богатството за фолклористиката, етнографијата, лингвистиката, за националната историја….

Од публикуваните и непубликуваните дела се повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал, речник, тајни јазици, занаети, обичаи, обреди…

Ансамблот на театарот го ,,одиграл,, Цепенков во претставите ,,Натемаго,, и ,,Сонот на Цепенков,,.

Loading