Почитувани сограѓани,
Во пресрет на празничните денови, посакувам возвишените чувства на љубов, радост, мир и хармонија, кои со себе ги носат новогодишните и Божикните празници, да бидат присутни во сечиј дом, во сечие семејство и во срцата на сите нас.
Во годината што изминува,се соочивме и за жал се’ уште се соочуваме со најголемиот предзивик на денешницата, вирусот Ковид-19, кој не го одмина нашиот град и целосно го промени начинот на живот ширум светот.
Затоа, заедно да испратиме желби за побрзо оздравување на сите оние, кои во моментот водат лична битка со болеста и во празничниот период не можат да бидат со своите најблиски. Ним и на нивните семејства, да им порачаме дека не се оставени сами на себе си, дека нивната борба е и наша.
Да упатиме благодарност и признание до хероите на новото време – здравствените работници. Да ја уважиме нивната пожртвуваност во биткатасо невидливиот непријател и нивната несебична грижа за нашето здравје.
Драги сограѓани,
Во име на колективната борба со вирусот, од која со сигурност ќе излеземе како победници, празниците да ги прославиме одговорно и во кругот на своите најблиски.
Во годината што претстои, сплотено и заеднички да продолжиме да работиме на економскиот и инфраструктурниот развој на нашата општина, за подобар живот на сегашните и поуспешна иднина на новите генерации.
Со желби за добро здравје, Вам и на Вашите семејства Ви посакувам поубаво утре и Среќна и бериќетна Нова 2021 година.