65 ГОДИНИ АРХИВ

Прилепското одделение на државниот архив прослави 65 годишнината. Ја одбележа со монографијата, “65 години Архив во Прилеп”, потврдувајќи го значењето на столб на историјата, идентитетот и темелот на колективната меморија.

-Монографијата го презентира историскиот развој, значењето, задачите, надлежностите и постигнатите резултати во зачувување на архивскиот материјал и унапредување на архивската дејност. Прибрани се илјадници документи од настани, а архивскиот материјал е дигитализиран – вели Елена Чагороска, раководителот.

Архивот е подготвен за новиот предизвик за најмладата генерација архивисти, како спој на искуството и знаењето.

Loading