Традиционално, во текот на новогодишната ноќ, градоначалникот Илија Јованоски ги посети оние кои беа на работните места: дежурните лица во Службата за итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица и ОВР-Прилеп, кои и во празничните денови постојано се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните и се на висината на задачата која ја извршуваат.


Согласно актуелната ситуација со пандемијата на вирусот Ковид-19, граѓаните празнуваа во своите домови и ги почитуваа мерките за заштита, а новогодишната ноќ помина мирно, без инциденти и интервенции.
![]()

