ПОРЦИИ СО ЉУБОВ И ТРАДИЦИЈА

Кетеринг Апетит

CIMG3198

Кристи Здравков и Александар Ристески се компањоните кои заедно влегоа во нов бизнис со готвени јадења. Кетеринг Апетит постои само еден месец. Партнерите не можат да здивнат од нарачки. Први муштерии им се познаниците, а и оние кои еднаш зеле, пробале и пак се враќаат.

Заедно градат нова кулинарска и бизнис приказна. Едниот ја наследува традицијата од татко си Живко, сопственикот на ресторанот Хавана, а другиот како проверен и долгогодишен говач.

Семејната лоза во кулинарството и угостителството ја продолжува Кристи. Ја враќа на традицијата, која беше завршена со брендот не само во Прилеп, туку и во макеоднија, Хавана од 1989 до 2000 година. Препознатлива за тоа време реткост, морски плодови, октоподи, жабини копани, желки, ајкули, китови. Ракчиња, шкампи, но и специјалитети од речни риби, крап, сом, пастрмка…

– Желбата за готвење ме натера да ја вратам традицијата. И дома готвам. Не по рецепти, туку експериментирам, пробувам, импровизиран, истражувам и откривам нови вкусеви со мискојна арома. Менувам, додавам зачини, зеленчуци. Тоа задоволство да готвам го обединив со мојот пријател Александар кој цел живот е готвач. Заеднички си ја пробаме ,,среќата,, во бизнисот – вели Кристи Здравков.

Од завршување на угостителското училиште, Александар веднаш бил со готвачката капа. Минал низ ресторани и хотели во Охрид, Маврово Хрватска. Носталгичноста и магичната привленост на градскиот саат го вратила во родниот град, иако бил добро платен во Хрватска. Не издржал и се вратил во Прилеп.

CIMG3203

– Почнавме да организираме готвени јадења. Менито е богато и секој ден различно. Не е само готвена храна, туку и од локалната традиционална  скара, сосеви, но и модерни јадења од меѓународно мени. Плус, нудиме мени од риби. Примаме порачки од 9 до 19 часот. Ја носиме храната до муштериите гратис, без разлика на бројот на порциите. Плус како атрактивност е понудата на пет парчиња скара, со што оди гратис шопска салата, леб и луто – велат ортаците.

Немаат редовно претплатени компании, но има вработени кои порачуваат и им го испорачуваат нивниот избор.

– Специјалисти сме за хамбургери, бидејќи мајсторот го декорира со вкус од различни сосеви кои се привлечни за муштериите, кари, сенф, дури се повкусни од плескавиците. Сé повеќе прилепчани се преориентираат на хамбургер, отколку на традиционалната навика за сендвич – велат сопствениците на Кетеринг Апетит.

Храната ја сервираат во пластика.

Не се само сервис за готвени јадења. Имаат богата лепеза за појадок. Единствени се што нудат и избор за појадок. Пржени лепчиња со павлака, сирење, селска кајгана и друго. 

– Мајсторите сакаат да сркаат со лајца. Има многу самци, на кои не им се исплати да готват и порачуваат зготвено. Цените на порците се од 80-130 денари со салата и леб. На луѓе кои работат на терен им е здодеано од сува храна, салами и паштета и добредојдена им е готвената храна во тањирче со лажица и вилушка – велат Кристи Здравков и Александар Ристески.

Се носат со идеја, ако тргне работата, да направат поголем објект со храна и табла за самопослужување.

Loading