ИН МЕМОРИАМ – ЗАМИНА ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ АКВАРЕЛИСТ ИЛИЈА МИНОСКИ

MinoskiИлија Миноски, големиот уметник прилепски, замина од овој свет на 84 години. Остави творештво, за кое треба да се погрижат градските власти, бидејќи неговата уметност е историја на градот.

Исклучително надарениот уметник, животот го посвети на акварелот, на миговните дела. Полн со éлан и воодоошевување ја овековечуваше старата прилепска архитектура и пејзажите на камените масиви на Марковите кули… Суптилно и лесно насликаните акварелите предизвикуваа желба да се биде таму. Миноски истражуваше свои светови со целото срце и душата.

Животот го посвети на уметноста и како педагог во  образованието на младите. Дипломец бил на Педагошката академија во Скопје, во одделот за сликарство  кај професорите Б. Лазески, Д. Кондоски, Д. Тодороски, Д. Пандилов. Имал стотина изложби во земјава и во странство. Добитник е на третоноемвриската награда за животно дело

Loading