Кутиите за собирање на парични средства веќе се поставени во црквите: Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила и ќе останат до крајот на декември. Поради ковид кризата, година хуманитарната акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани за Божик, нема да се одвива само на 19 декември односно на празникот Св. Никола, како предходните години, туку ќе трае подолго.
– Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според Вашите можности во посебно означените кутии во храмовите, чии средства ќе се искористат во добротворни цели. Се организира по 12ти пат годинава, па затоа вашата поддршка ќе биде добредојдена, имајќи надеж дека оваа акција ќе премине во традиција и за наредните години – информираат од хуманитарна организација „Св. Никодим Прилепски – Тисмански“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп.

![]()

