ЗГОТВЕНО СО СЛАСТ, НЕБАРЕ ДОМАШНО

К Кате Кетеринг

Vkusno zgotveno nebare domasno

Србите велат: Погледај га у обуќу, па га пусти у куќу! А за бизнисот репер е објектот, особено доколку е за храна, односно услужна дејност. Па така, во ,,К Кате Кетеринг,, мириса мискојна. Човек и до нос да е најаден, мирисот ги поттикнува сите рецептори за храна. И изгледот на зготвените јадења, го разбудува апетитот колку и да се контролира како заспан џин, заради диетата или вишокот килограми. Едноставно и ситиот, добива желба за јадење. Има и салати, а десертот е круна на задоволството додека се консумираат оброците, подготвени од вештите раце на сопственичката Катерина Наумоска (46). Таа е диригентот на хармонијата од вкусови и изборот на готвени јадења кои го подготвува со тимот на вработените. На менито има сé и сешто. Порцијата со салата чини од 100-120 денари, или 200 денари со ширден. Наумоска се занимавала со подготовка на слатки и солени работи 7-8 години. А со готвените јадења бизнисот е од пред 6 месеци.

Gotvenje po recet od starite– Ново искуство со многу муштерии, со многу трпение, но и многу работа. Рано станување и нема 8 часа. Се работи18 саати или колку што е потребно. Имаме од 10-12 видови јадења. Сами ги подготвуваме. Дневното мени го составуваме да има од сé по нешто. Секој ден е различно за сите вкусови, за млади и стари. Подготовката ја планираме спрема побарувачката. Набавуваме пресно месо и квалитетен свеж прилепски зеленчук – објаснува Наумоска.

Вршат бесплатна достава. Имаат клиенти на кои им носат дома и во станбените згради. Подготвуваат оброци и за помени. Свеченостите изостануваат, а со тоа и кетерингот и аранжирањата. Повторно ќе се вратат по пандемијата од короната. 

Katerina NaumoskaБАБИНИ РЕЦЕПТИ

Дарбата за слатки ја носи од дете, како девојка. А научила да готви од баба í Васка и мајка í.

– Интернетот го направи своето. Подготовката на слатки и солено е терапија за мозокот. Смирува, не се мисли на ништо, освен прекрасно да изгледа. Рај за душата е. Во материјалите за храната нема кратење. Муштериите треба да бидат задоволни – вели Наумоска.

Loading