ПЕЧЕНИ КОСТЕНИ ВО РЕРНА

kosten

Како да се испечат костени кои лесно се лупат и да се ужива во овие есенски плодови, богати со хранливи материи. Варените костени се вкусни, но уште подобри се печените, оти ослободуваат карактеристичен, привлечен мирис кој потсетува на убави мигови.

Еве рецепт за подготовка во рерна. Потребни се 500 гр. костени, литар зовриена вода и лажичка сол. Костените со остар нож се засекуваат на едната страна. Во тенџере на оган се става водата да зоврие и се додава лажичка сол. Сето тоа се меша. Костените се додаваат во зовриената вода и се варат 5 минути. Потоа се цедат и се префрлаат на плех во загреана рерна на 250 степени. Се печат 20 минути. Се оставаат малку да изладат, па се лупат лесно со еден потег.

Loading