За девет дена
Центарот за јавно здравје информира дека во периодот од 30 ноември до 9 декември, во Прилеп имало 432 новозаболени од коронавирусот. Од последици на коронавирусот починале 28 лица.
Активни случаи се 988, од кои 788 лица се на домашно лекување, 128 на болнички третман, а 72 во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 75 пациенти.
Вкупниот број на заразени е 3.383.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 159 лица.