д-р Виолета Јованоска, специјалист трансфузиолог
И Прилеп е дел од проектот за дарување и лекување со конвалесцентна плазма кај заболени од Ковид 19. Постојано расте бројот на хумани граѓани, оздравени пациенти кои во Одделението за трансфузиона медицина даруваат крв за крвна плазма за лекување од ковид-19.
Според д-р Виолета Јованоска, специјалист трансфузиолог од одделението за трансфузиона медицина во Прилеп, плазмата се користи претежно за пациентите кои се лекуваат на клиниките во Скопје, но и во останатитее градови, како и во Прилеп. Прават напори плазмата да е достапна секаде каде што има потреба.
Историјата за употреба на плазмата од излекувани пациенти е стара повеќе од 100 години. Користена е кај епидемијата од сипаници (1901), детската парализа (1916), за време на пандемијата од Шпанскиот грип (1918-1920), неодама е користена за да се подобри клиничкиот исход кај пациентите со вирусни заболувања како инфлуенца А Х1Н1, САРС, Ебола и сега Ковид 19. Ова се прави да се скрати времето на лекување и да се намали смртноста. Бидејќи историските факти и студии тоа го покажуваат.
-Ова е проект одобрен од Комисијата за етички прашања на Медицинскиот факултет по процедурите од Мајо клиниката. Резултатите ќе ги соопштат тие кои го водат проектот. Има прилепчани кои примиле конвалесцента плаза. Тоа е клиничка студија каде што се следат резулататите. Се употребува насекаде во светот. Има во светот повеќе од 160 клинички студии кои се работат со конвалесцентна плазма, меѓу кои и во Македонија. Досега 38 дарители од Прилеп даруваа крв за конвалесцентна плазма и еден дарител со аферезна постапка. Досега се пријавија околу 200 лица за тестирање. Потенцијалните дарители доброволно сами доаѓаат во одделението да се подложат на потребните тестирања за да можат да даруваат. Првите тестирања почнаа во мај, во јуни беа и првите дарители на конвалесцентна плазма. Тие даруваа крв и од нивната крв се доби конвалесцентна плазма. Процедурата може да биде на два начини. Едниот е, да се дарува крв и да се издвои плазмата, која ќе се употреби како конвалесцентна плазма, а другата е на апарат за афереза што го има само во Институтот за трансфузиона медицина каде може да се дарува исклучиво крвна плазма. Се селектираат дарителите. Секој не мора да биде погоден за аферезната процедура. Се договараме, во консултација со Скопје, кој дарител е погоден за афереза. Главно дарувањата се во Прилеп – објаснува д-р Виолета Јованоска, специјалист трансфузиолог.
Голем е одзивот на дарување крв за крвна плазма на оздравени пациенти. Се пријавуваат доброволци, а потоа се спроведува процедурата.
– Секоја среда наутро во Одделението за трансфузиона медицина доаѓаат лицата кои прележале Ковид 19 и има поминато повеќе од 28 дена од последниот ден на изолацијата и кои се здрави за тој период, постари од 18 години и помлади од 60 години и немаат хронични заболувања, можат да дојдат да направат потребните тестирања за да се утврди погодноста да се биде дарител на конвалесцентна плазма. Се земаат примероци од крв каде се вршат сите потребни биохемиски анализи, присуство на антитела и останати испитувања за да може да се утврди дали лицето е погодно за доброволен дарител. Се зема и ПЦР тест за Ковид 19. Го утврдуваме титатор на антитела. И доколку има доволен титар на антитела, тогаш се утврдува погодноста дали лицето може да биде дарител на конвалесцентна плазма. Сите критериуми што важат за дарител на крв, важат и за дарителот на конвалесцентна плазма. Да е здрав, да нема хронични болести, а после се спроведува целокупната процедура како за дарител на крв – вели трансфузиологот Јованоска.
Оваа постапка се работи во Штип, Битола, Струга, скоро Цела Македонија. Постапката не е болна, но е обично крводарување. Нема посебна процедура. Единствено аферезната постапка бара пациентот подолго да биде на апарат, од 1-2 часа.
Д-р Јованоска истакнува дека прилепчани доброволно, сами доаѓаат во одделението за трансфузиона медицина Прилеп со голема желба, несебично и од срце да помогнат на болните со Ковид 19 да ја совладаат болеста.