ЦВЕЌЕ ЗА КОНЕСКИ

Cveke za Blaze Koneski

Со полагање свежо цвеќе на споменикот пред ЦК ,,Марко Цепенков,, се одбележа 27-годишнината од смртта на кодификаторот на македонскиот литературен јазик, поет, прозаист, литературен историчар, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и прв претседател на МАНУ, Блаже Конески. Пред споменикот на Конески, цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, членови на Советот, претставници на ОУ ,,Блаже Конески,, и претставници на ОО на СДСМ.

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во селото Небрегово, а починал во Скопје, на 7 декември 1993 година.

Loading