Во годината нова, онаа што иди, а за која целиот свет верува дека ќе биде поубава, посреќна и повесела од 2020 во која пандемијата од вирусот Ковид 19 направи пустош, неделникот Зенит ќе одбележи 14 години постоење. Читателите имаа досега 627 броеви в раце. Информации на хартија, со мирис на печатарска боја. Секој петок прилепчани со задоволство го очекуваат весникот. Го препознаваат денот по новото издание.
А Зенит се чита, секаде и секогаш. И на паузата на работното место. И во авион. И на велоспипед. И со маска.
Дури ни задолжителното носење на заштитна маска за лицето заради короната, не може да го попречи верниот читател да ја дознае вистината од прва рака. Нема марама, превез, ниту перде кое може да ја сокрие вистината. Објективното информирање е приоритет во професионалниот пристап на единствениот печатен медиум во регионов, неделникот Зенит.