ТААН АЛВА – ПОЛНА ЗДРАВЈЕ

alva

Потребно е 1/3 ладно цедено сусамово масло, 1/3 мед и 1/3 мелени ореви. Во дрвен сад, со дрвена лажица лесно се соединуваат сусамовото масло и медот. На смесата се додаваат мелени ореви и пак внимателно се соединуваат.

Таан алвата претставува вид на благо кое потекнува од арапските земји. Се смета дека е турски производ. Како десерт најмногу се приготвува на Балканот, Северна Африка и Централна Азија.

Најчесто е сусамовата. Во Грција и Турција се приготвува алва со јајца и шеќер. Оригинално се прави од таан (мелено семе од сусам), мед (може и обичен шеќер, гликозен или фруктозен сируп) и растително масло. По желба може да се додаде ванила, какао, фстаци, ореви, лешници, суво грозје итн. Таа е одличен десерт после турско кафе.

Семето од сусамот содржи незаситени масни киселини, белковини, Витамин Е, Б во форма на никотинска киселина, минерали како калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Има и лецитин кој делува на нервниот систем, овозможувајќи полесно излачување на токсините преку кожата, ја подобрува циркулацијата и поволно делува на работата на ендокрините жлезди. Ја подобрува циркулацијата и делува како афродизијак.

Се препорачува против желудочни тегоби и проблеми со штитната жлезда, но и за луѓе кои страдаат од хроничен замор и имаат проблеми со меморијата. Добра е против атеросклероза, бидејќи ги разградува наслагите од холестерол во артериите.

Loading