Ракомет: Машка Супер лига
-Остануваат уште 4 кола
Пандемијата пролетоска, иако во почетна фаза, сосема го запре ракометното првенство. Есенва, наспроти впечатокот дека зела силен залет, ништо не им може на силните спортисти. Машката Супер лига се движи кон вториот дел од првата фаза. Во тек е борбата за едно од првите три места на табелите во двете групи, места што водат во плеј-офот, додека сите послабо пласирани екипи ќе бидат во плеј-аутот.
Во Б-групата каде е екипата РК Прилеп, некои екипи одиграа 6, други 9 меча. Прилепскиот тим синоќа го одигра осмиот меч, дома со скопски Работнички. Претходно двапати победи (на гости со Работнички, дома со Младост) еднаш одигра нерешено (на гости со Тиквеш), четирипати загуби. Последниот пораз е со 38:24 од Металург во Скопје. Тренер беше Рубин Лашкоски (во отсуство на Горан Кузманоски и Адријано Котевски), а играаа Цинцадзе, Ангелески, Христоски, Пајкоски 1, Рустамов, Бикоски 4, Манчески, Дукоски, Андоноски 2, Павлов 3, Шокоски 4, Бурчески, Лозаноски, Карафилоски, Чантурија 4, Гавашелишвил 6. Во екипата не беше Филип Чурлевски, кој заминал во Финска.
Остануваат уште 4 меча, на гости кај Младост и Бутел, дома со Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2. На некомплетната табела води Металург со 18, пред Бутел со 15, Еурофарм Пелистер 2 со 12, Тиквеш 10, Работнички 9, Прилеп 7, Младост 3.
Рамка
Деспина уште со две победи
Во Женската лига се игра со побрзо темпо. Екипата Деспина постигна уште две победи. Прво со 24-18 го совлада Овче Поле во Свети Николе. Најефикасна со 7 гола беше Гичева-Конеска. Следеше триумф дома од 26:18 над скопски Шампион, каде најмногу голови – 7 даде Седлоска. Во средата беше дуелот дома со Металург, а за в недела е најавено гостувањето кај Кузман Вардар во Скопје.
Деспина има 7 победи и 3 пораза.